19/05/2024
Охрид

Свети архиерејски литургии по повод претстојните празници

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. oктомври 2018 (среда), во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ – Охрид, по повод празникот „св.ап. и ев. Лука и св. Константин Кавасила“, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралоиско – сиднејски г.Тимотеј.

На 01. ноември 2018 (четврток), во манастирот „Св. Климент и Св. Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преп.Прохор Пчински и прен.на мошти на Св.Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.