26/04/2024
Охрид

Германски „Голф“ удрил во оградата од кружниот тек кај Охридска банка

На 18-ти ноември оваа година, во 00:20 часот, на кружната крстосница на булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, случена е сообраќајна незгода во која, патнички автомобил марка „Голф“ со германски национални ознаки, со предната десна страна удрил во заштитната метална ограда на кружната крстосница. Возачот на возилото веднаш го напуштил местото на настанот.

Тука, по овластување на Јавен обвинител, извршен е увид а по преземени мерки, автомобилот е пронајден во селото Подмоље. Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, презема дополнителни мерки за пронаоѓање на возачот кој го управувал возилото.