19/04/2024
Охрид

Годишнина од смртта на Благојче Крстаноски – македонски бранител и професионален војник на АРМ

По повод годишнината од смртта на бранителот и професионален војник на АРМ, Благојче Крстаноски, делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на неговото спомен обележјето во село Ливоишта.

Благојче Крстаноски бил македонски бранител и професионален војник во АРМ. Загинал на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Тој бил првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.

Благојче Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге Иванов.

Krstanoski_07042022004Krstanoski_07042022003Krstanoski_07042022001


WebOhrid / 07.04.2022 / Општина Охрид