30/04/2024
Охрид

Голема донација за ЈЗУ„Здравствен Дом“ Ресен во организација на СОС БАЛКАНМЕДИА и ЈП „Охридски Комуналец“

Голема донаторска акција во организација на СОС БалканМедиа и ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид беше организирана денес ,откако изби првиот случај на инфицирано лице во општина Ресен.  СОС Балкан Медиа со поддршка од своите партнери охридската компанија „Андрос Фарм“ и г-динот Благој Механџиски, винарија „Лозар“ – Велес, донира средства за дезинфекција на простории и лична заштита, алкохол за медицински потреби, како и заштитни респираторни маски на ЈЗУ Здравствен дом – Ресен.  Донацијата беше примена од страна на градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски и директорката на Здравствениот дом во Ресен.

Во услови на беснеење на пандемијата предизвикана од Ковид 19, која во овој момент се појави и во градот во кој цели 100 дена немаше ниту еден заболен, донацијата е од голема важност. СОС Балкан Медиа со своите партнери ЈП Охридски Комуналец, винарија  „Лозар“- Велес, „Андрос Фарм“ Охрид и „СН Брокер“ Битола и претходно во два наврата донираше на ЈЗУ Здравствен дом Ресен и Општина Ресен, доколку има потреба ќе ја следиме состојбата и ќе излезиме со нови донации.

    

https://www.youtube.com/watch?v=fjp5auj7mro&feature=emb_title