27/04/2024
Охрид

Голема општонародна прослава по повод Илинден во село Рамне

По повод претстојниот македонски верски празник Илинден и патронот на село Рамне Св. Пророк Илија на ден 01.08.2022год. (Понеделник) со почеток во 20:00 часот се организира голема општонародна прослава!

Вечерта ќе ја разубават Играорната група (Ѓердан од Бисери) – Охрид.

За веселбата уште да биде позабавна тука се и најдобрите момци од Император Бенд и Дарко Стојаноски.

Добра скара и ладна пијачка!

Браќа и сестри македонци, каде и да сте, за Илинден Рамне да сте!

Ве очекуваме во поголем број заедно да го прославиме овој наш голем и значаен македонски празник!