28/04/2024
Македонија

Горивата поскапуваат за половина денар

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Р.Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,74%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.11.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,02 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.11.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,333 ден/кг.