Градоначалникот Георгиески оствари средба со организаторите на „Бич филм фестивал Охрид“

Во просториите на општина Охрид, денес, градоначалникот Константин Георгиески оствари средба со организаторите на Фестивалот на нов европски филм „Бич филм фестивал Охрид 2021“. На средбата организаторите се заблагодарија за поддршката што им ја дава општина Охрид во реализацијата на фестивалот кој веќе прераснува во традиција.

Разговарано беше за содржината и замислата за реализација на овогодинешниот фестивал, а беше презентирана и кратка историја за успешноста на трите изминати фестивалски изданија.

Од страна на „Бич филм фестивал“ на градоначалникот му беше врачена благодарница за неговиот личен придонес и за придонесот на општина Охрид за успешната реализацијата на фестивалот.