28/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески на средба со водокорисниците од Мешеишта

Синоќа во Мешеишта, градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, заедно со директорот на подружницата „Црни Дрим” на АД „Водостопанство на РМ”, Ѓоко Стефаноски и директорот на ЈКП „Дебрца”, Игор Крцоски остварија работна средба со водокорисниците од село Мешеишта.

На средбата се разговараше за проблемите, со кои водокорисниците се соочуваа изминативе две години.

„Го слушнавме и Планот што го изложи Директорот на подружницата. Реално, дава надеж дека ќе се подобри наводнувањето и проблемите полека, но сигурно ќе се решаваат. Од Општината даваме целосна поддршка и стоиме на располагање за решавање на проблемите. Во интерес на водокорисниците.“ – напиша градоначалникот Ногачески на својот фејсбук профил.

WebOhrid