Жителка од Злести која имала корона се шетала надвор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И.(65) од с.Злести, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 30.08.2020 околу 10.:30 часот, пријавената не била пронајдена во својот дом во с.Злести и покрај тоа што имала решение за задолжителна изолација, со што постапила спротивно на одлуките на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.