19/04/2024
Дебрца

Приведен жител од Требеништа кој крадел гориво од работна машина на автопатот Кичево-Охрид

На 24.06.2022 година во 00:30 часот во СВР Охрид приведен е Н.С.(59) од селото Требеништа, општина Дебрца.

Тој, претходно е затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид и пронајдени му се две пластични туби со околу 50 литри гориво.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 24.06.2022 / СВР Охрид