26/04/2024
Охрид

Блескав настап на театарската група од Црвен крст Битола, на вториот ден од „Вдиши Театар“

Блескав сценски настап на театарската група на Црвен крст Битола, на вториот ден од Аматерскиот театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Тие вчера, на сцената во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоаа претставата „УМРИ МАШКИ“ преку која на траги-комичен начин прикажаа како животот на двајца мажи може да се промени поради една манипулативна жена.

На третиот ден од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ охриѓани и гостите ќе имаат можност да го проследат настапот на театарот „Инат“ од здружението Пркос од Ужице, Србија, кои вечерва на сцената во предворјето на црквата Св.Софија, со почеток во 21 ч. ќе настапат со претставата „ЧУДО У ШЕРГАНУ“, една од најдобрите српски драми, која е безвременска приказна за нас, за животот на обичните луѓе.

Влезот е слободен.


WebOhrid / 24.06.2022 / Црвен крст Охрид