26/04/2024
Охрид

Градоначалникот Пецаков и дел од советниците во посета на Костал

На покана на компанијата „КОСТАЛ“ , градоначалникот Кирил Пецаков и дел од советниците од Советот на Општина Охрид беа во посета на компанијата.

Генералниот директор на „КОСТАЛ“, Виктор Мизо, ги запозна присутните со историјата на компанијата, финансиското работење и со производите што се произведуваат во компанијата во Охрид.

После презентацијата се изврши обиколка низ производствените линии каде градоначалникот и советници одблиску се запознаа со начинот и динамиката на производствените капацитети на компанијата.

На крајот од средбата заедно беше заклучено дека е важна меѓусебната соработка и поддршка.