27/04/2024
Спорт

Градоначалникот Пецаков оствари средба со младиот каратист Наум Јаковлев

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот каратист Наум Јаковлев, кој освои бронзен медал на 21-то Светско првенство во традиционално карате ИТКФ.

Градоначалникот Пецаков упати честитки до младиот Јаковлев и неговиот матичен клуб „Фудошин“ за остварениот успех, со желби за уште поголеми спортски достигнувања. Градоначалникот потенцираше дека Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена за поддршка на спортските клубови и младите спортисти кои учествуваат на врвни натпревари, бележат значајни успеси и го промовираат Охрид во светот.

Овогодинешното Светско првенство во традиционално карате ИТКФ се одржуваше во Скопје од 11-ти до 13-ти ноември 2022 година, во организација на МТКФ (Македонска Традиционална Карате Федерација).

На натпреварот учествуваа преку 40 држави и 450 натпреварувачи, а младиот Јаковлев освои 3-то место во младинска категорија, во дисциплината кумите. Како дел од македонската репрезентација, на светското првенство учествува уште две натпреварувачки од охридскиот карате клуб „Фудошин“, Ана Томоска во категоријата пионери и Ангелина Симиџиоска во категоријата кадети. 


WebOhrid / 18.11.2022 / Општина Охрид