27/04/2024
Охрид

Граѓаните бараат надлежните да ги санираат дрвјата во и околу градинките

Загрижени граѓани, родители на дечиња во Детската градинка „Билјана“ преку нашата редакција реагираат во врска со дрвјата кои надвиснуваат пред влезовите на градинките, но и во дворовите каде децата си играат.

Тие упатуваат апел до надлежните да преземат превентивни мерки во врска со овие дрвја, да се направи увид и да се утврди кои од нив претставуваат потенцијална опасност и истите навремено да се отстранат, не само во оваа градинка туку и во останатите градинки и училишта во Охрид каде учат нивните деца.


WebOhrid / 03.04.2023