27/04/2024
ОхридСтруга

Граѓаните кои поднеле барања до 6-ти ноември може да ги подигнат новите лични документи

Отсекот за управни работи при СВР Охрид, ги повикува граѓаните кои до 06.11.2023 година, поднеле барања за замена на старите со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Тоа можат да го направат секој работен ден од 07:30 до 19:30 часот.

Отсекот за управни работи секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од граѓаните.


WebOhrid / 15.11.2023 / СВР Охрид