29/04/2024
Македонија

Претреси во Битола и Ресен, пронајдени оружје и муниција

Денеска (15.11.2023) полициски службеници од СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, со судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Ресен и Битола, поради сомнение за сторени кривични дела по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот на К.Р.(41) во с.Штрбово, ресенско, биле пронајдени три пушки, три пиштоли различен калибар и поголемо количество на муниција, исто така, различен калибар. Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Во импровизирана работилница во Битола, сопственост на Б.Г.(76) од Битола, биле пронајдени шест пушки (две ловечки, три воздушни и една импровизирана) и поголема количина на различни делови за оружје. Б.Г. е повикан на службен разговор во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.