Хидробиолошки институт и Екоменлог имплементираат Еразмус+ проект

Хидробиолошки институт и Екоменлог имплементираат Еразмус+ проект за зајакнување на образовниот капацитет за инвазивни и алохтони видови – реална закана за Охридското Езеро и регионот.

Јавната научна установа Хидробиолошки институт Охрид и Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ од Охрид се во фаза на имплементација на проект во рамките на програмата Erazmus+ градење на капацитети во високото образование за 2020 година.

Главната цел на проектот е зајакнување на образовниот капацитет за управување со ризиците од ненативните и инвазивни видови во регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора), по пат на промовирање на едукативни активности за студентите од високото образование и засегнатите страни од целните земји. Покрај курсевите што ќе бидат развиени специјално во функција на магистерските програми, како и програмите за другите засегнати страни со проектот ќе биде развиен модел за управување со ризиците од ненативните и инвазивни видови.

Конзорциумот на проектот RiskMan се состои од 11 партнери од 8 различни земји кои работат заедно во насока на развој на единствена платформа заснована на иницијативата за граѓанска наука што ќе се користи во Балканскиот регион како почетна точка за вклучување други универзитети, агенции, меѓународни или национални институции. Сите овие институции ќе можат да ја користат платрформата како алатка за понатамошно промовирање на проблемот со инвазивни и ненативни видови, но истовремено и како корисен инструмент за справување и управување со овие видови.  

Координатор на проектот е Универзитетот Мугла, Ситки Кочман од Турција, а покрај Хидробиолошки институт Охрид и Екоменлог Охрид, во проектот се вклучени и универзитетите во Палермо, Загреб, Сараево, Тирана, Бихаќ, Подгорица и институти и невладини организации од Албанија, Грција, како и два поврзани партнери од Турција.

За прв пат, проектот вклучува соработка помеѓу невладините организации, јавноста и приватни институции на национално и регионално ниво.

За повеќе информации во врска со проектните активности, можноста за вклучување во имплементацијата и следење на неговата реализација, заинтересираните можат да се информираат преку официјалниот Facebook профил на проектот Erasmus+ CBHE project RiskMan | Facebook, но и преку официјалната веб страна на Европската комисија: Erasmus+ project card | Erasmus+ (europa.eu).

This slideshow requires JavaScript.