20/04/2024
Охрид

Хористите на „Вокс Лихнидос“ задоволни се вратија од гостувањето во Романија

Со долги аплаузи ги поздрави публиката членовите на градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ на гостувањето во Романија.

Хористите под водство на диригентот Бурим Хидри имаа два настапи на 27-то издание на Меѓународниот фестивал за хорска и инструментална музика „Д.Д Киријак“, што се одржа во градот Питешти и во катедралата Аргеш.

Изведоа хорски ирелигиозни композиции, а диригентот Хидри е повеќе од задоволен, вели се исплатеа напорните проби и трудот што го вложивме сите. Од ова гостување произлегоа нови пријателства и контакти за идни настапи во неколку балкански земји.

Но, тука не застануваат. Веќе започнаа со проби за она што ги очекува, тоа е концертот што во нивна организација ќе се одржи на 10-ти јули од 20:00 часот во Католичката црква во Охрид, а очекуваат гостински хорови од Србија, Косово и Бугарија.