27/04/2024
Охрид

Хортикултурно уреден дворот на џамијата Емин Махмут

Екипите на „Паркови и зеленило” хортикултурно го уредија дворот на џамијата Емин Махмут. Отстранета е дивата жбунеста вегетација, извршено е тековно одржување на тревната површина, зимзелените садници се декоративно обликувани и просторот е оплеменет со засадување на цветен сезонски расад. Активностите се реализирани по претходнo добиено барање.


WebOhrid / 04.04.2022 / Општина Охрид