27/04/2024
Охрид

Хуманитарен Новогодишен базар во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Во пресрет на новогодишните празници и весело дочекување на новата година, а со желби за убаво испраќање на старата, од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид, ве покануваат заеднички да се дружите и радувате во убав амбиент на уште поубава тема – Хуманитарен новогодишен базар.

Настанот, кој ќе се одржи вечерва во 18 часот е од хуманитарен карактер и средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат донирани во инклузивната игротека „Радост“.

„На базарот ќе бидат изложени рачни изработки од нашите ученици: слатки задоволства, украси, честитки, накит итн, а Вие ќе имате можност да си купите од понудените производи и на тој начин да учествувате во хуманитарниот настан.“ – информираат од училиштето.

Вашето малку, некому значи многу.

Сите сте добредојдени, Ве очекуваме !!!