19/04/2024
Охрид

Хуманитарна акција на НГИ „Коалиција на Египќани“ и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Охрид

Денес, НГИ „Коалицијата на Египќаните“ и Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ Охрид спроведоа Хуманитарна акција по повод Рамазанските пости. Хуманитарната акција се состоеше во храна и облека наменети за семејства со социјален ризик.

Како, што истакнаа од оранизаторите на оваа Хуманитарна акција, предводена од Претседателот на Унија на Жени на ВМРО – ДПМНЕ Охрид и Лидерот на НГИ „Коалицијата на Египќаните“, Демир Далип, дека тие се отворени за правење на големи работи, но заедно, со многу љубов, огромна почит и солидарност се прават мали работи кои многу значат. Изразија и благодарност до донаторите и најава дека ќе продолжат со вакви акции.