04/12/2024
ДебрцаОхрид

Хуманитарна собирна акција по повод Неделата на солидарност (15-21 април)

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 15 – 21 април 2024 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства, која ќе биде наменета за најранливите категории на граѓани од Охрид и Дебрца.

Црвениот крст апелира и ги повикува нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата со:

– донирање на материјални добра-прехрамбени производи и средства за хигиена во просториите на Црвен крст Охрид ул. “Димитар Влахов” 52

– донирање на парични средства (100 ден.) со повик на телефонските броеви 070/075/077 143-400 на жиро сметката на Црвениот крст со назнака за “Недела на солидарност”.

– со уплата на средства на сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ 300000001327966, Депонент Комерцијална банка, ДБ 4030984271620

Од донираните парични средства и собраните намирници ќе бидат обезбедени и подготвени хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.

Со секоја ваша донација овозможувате да се помогне на што поголем број на лица на кои помошта им е најнеопходна.


WebOhrid / 15.04.2024 / Црвен крст Охрид