28/03/2024
Охрид

Илинденска прослава во Рамне со Дарко Стојаноски и Император Бенд

По повод претстојниот верски празник Илинден и патронот на село Рамне Св. Пророк Илија, се организира Илинденска Прослава на ден 01.08.2019год. (четврток) со почеток во 20:00 часот.

Вечерта ќе ја збогати познатиот естраден уметник, македонското грло Дарко Стојаноски во придружба со најдобрите момци од Император Бенд. За вечерта да биде позабавна тука ќе бидат и играорците при Играорната група ,,Бисери – Охрид“.

Се покануваат сите добронамерни верници на оваа Илинденска прослава во Рамне.

Браќа Македонци каде и да сте за Илинден Рамне да сте! Организаторите ве очекуваат!