Илинденски денови – фестивал на народни песни и игри во Битола

Во  организација на Центарот за култура, од 28 јули до 1 август, во  Битола ќе се одржи 48-то издание на  Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови “…

Ilindenski_denovi_Bitola

Станува збор за еден од најстарите фестивали во државата, на кој во четирите фестивалски вечери   ќе настапат 34 фолклорни групи од кои 11 од странство и тоа од Јапонија, Шпанија, Полска, Америка, Северен Кипар, Хрватска, Грција и  Србија.  Инаку оваа година на фестивалот му претходеше изложба на кошули и традиционални облеки од Збирката на музејот за народни носии од Ресен, а деновиве ќе се одржат детски ликовни работилници и изложба на  фотографии на тема „Фолклорни мотиви“, како и семинар за традиционална музика и игра.

Фестивалот ќе биде затворен со концерт на доајенот на македонската народна песна, Виолета Томовска, во античкиот локалитет Хераклеја.