26/04/2024
Македонија

Интегрален текст од обраќање на Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Добровечер ВМРО-ДПМНЕ,

Добровечер за Коалицијата за подобра Македонија,

Добровечер за сите Вас, независно на која политичка опција припаѓате, на која нација или на која вера припаѓате,

Добровечер за сите Вие храбри луѓе кои што дојдовте вечерва овде пред Владата на Република Македонија во време во кое што оваа влада втерува страв кај луѓето, кај граѓаните на Македонија и дојдовте заеднички да го искажиме нашето незадоволство од неправдите во Македонија, неправдите од новата власт која половина година дивее и нанесува многу неправди насекаде и многу штета.

Вечерва сме тука сите ние кои неочекувавме, а можеби и дел од оние кои очекуваа многу повеќе, многу повеќе од оваа марионетска влада, која дојде на власт не вадејќи го зборот ПРАВДА од уста.

А еве шест месеци сите ние, Македонците, Албанците, Турците, ромите, власите, бошњаците, србите, власите, сите граѓани на Македонија секојдневно се соочуваме или гледаме многу, многу неправди. Неправди кои болат, неправди кои фрустрираат, неправди кои создаваат гнев, омрза револт, бес, незадоволство, но и многу, многу штети.

Вечерва се собравме на еден кус протестен марш да го изразиме нашето незадоволство од неправдите на оваа марионетска власта.

А ги има многу, и неможе ни приближно да се набројат дури и ако се генерализираат или воопштат. Ги има секојдневно. Се намножија и зачестија. Прејдоа во навика. Внесоа страв и несигурност кај народот. Но народот полека излегува од таа состојба. Еве се гледа тоа оваа вечер.

Иако се ангажираше цела армија на платени од народните пари луѓе секојдневно преку медиумите или преку социјалните мрежи да ги оправдуваат чекорите на оваа марионетска власта, иако Заев назначи и министер за пропаганда, иако медиумите се под силна закана и најголем дел од нив замолкнати за давање на критика, сепак за неправдати се говори секојдневно, бидејќи се чуствуваат секојдневно.

Ние од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија можеби сме најмногу изложени на неправдите од оваа власт, но не се поштедени ни многу други граѓани. А најмногу штета, најмногу штетаима државата. Нашата заедничка држава- Република Македонија.

Ветуваа правда, а сега имаме реваншизам и тонење на економијата, на општеството, на моралните вредности. Не првата-туку последната година од мандатот ќе направеле нешто. Купување време. Не денес- утре. А нема да биде ни последната, и тоа го знаеме. И сите тие неправди сакаат да ги оддалечат од мислите на народот со одвлекување на вниманието на истиот со црнење на опозицијата, измислување спинови, лаги и конструкции, верувајќи дека така може да го истераат целиот мандат.

Неправдата се чувствува на секој чекор. Селективната правда е исто така неправда и создава револт.

Зборуваат за правда, а неправди на секој чекор. Заробената држава ја крши храброста на луѓето, а стравот станува секојдневие. Луѓето се исплашени, уцените, го потиснуваат своето мислење, затоа што во Македонија почнува да се казнува слободната мисла, а на љубовта кон татковината се гледа како на грев за кој се оди во затвор.

Животот никаде го нема. А неправдата и прогонот стануваат име и презиме во секоја област.

Еве на пример во економијата.

Ги зголемија акцизите за нафта, со што на граѓаните им се одзема по 3.5 денари повеќе за секој литар нафта, според некои пресметки на годишно ниво на секое семејство ќе му се одзема по една просечна плата. Ова не го најавија пред изборите во декмеври минатата година. Ова е директен удар и за градежништвото кое тоне, за такси превозниците, за автобуските компаии, за обичниот човек.

Неправда е што најавуваат и зголемување и на персонаниот данок, данокот на добивка, на данокот на додадена вредност, нешто што исто така не го најдавина на изборите во декември. Тоа ќе го платат граѓаните.

Еве поминаа 6 полни месеци, пола година а една нова странска инвестиција нема. Се откажа од разговори за инвестирање со 60-тина компании и над 25.000 работни места кои владата на ВМРО им ги остави во наследство.

Единствено деновите се пофалија со една странска турска компанија Мурат Тиџарет, но и таа не е од нивно време, со нив водеше разговори Виктор Мизо и веќе беше направена резервација на две локации во ТИРЗ Скопје 2 во време кога ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја водеа владата. Затоа велам нема ниту една нова странска инвестиција.

Неправда е тоа што ги исполажаа вработените на Фени, која оди во стечај, вработените на Колска, и Еурокомпозит за кои ветените пари за плати од пред изборите во октомври ги нема.

Неправда е тоа што го задолжуваат секој еден граѓанин. Долгот со се девизните резерви за 6 месеци се зголеми за нови 750 милиони евра, од кој начнаа дури 230 милиони евраод девизните резерви. НБРМ констатираше дека во третиот квартал не само што нема нови странски директни инвестиции туку дека и постојните добивката ја изнесуваат, ја вадат од Република Македонија. Така се забележува одлив од преку 50 милиони евра само во еден квартал. А за наредната година ќе се задолжува владата со нови 900 милиони евра.

Неправда е што лажно обвинуваат дека се иселени 600-тини илјади граѓани,и што ветуваа дека ќе ги вратат во земјата, а за 6 месеци не само што не се врати ниту еден, туку гледаме како незадоволни од хунтата на власт постојано се иселуваат пријатели, познаници, цели семејства.

Неправда е што промовираа Национална стратегија за населување на десетици илјади мигранти од Африка и Блискиот Исток а сега спроведуваат и кампања истите да се населат, додека домашните губат работа и осиромашуваат, додека илјадници граѓани на Македонија немаат работа.

Неправда е што младите се заборавени, што нема средства за студентските домови кои ги предвидовме да ги градиме и реновираме, ниту пак се предвидоа пари во буџетот за проектот кој сами го промовираа како оној на пример младинска гаранција. Неправда е и укинатото екстерно за кое ветија дека ќе понудат алтернатива, дека ќе понудат подобро решение од кое нема ни траг ни глас. Екстерното тестирање беше стигматизирано и злоупотребувано а носеше стандарди кои веќе ги нема и пак доаѓа време на сите ученици да се со сите петки без реална основа, укината е и Кембрич програмата, а први на удар беа дисперзираните студии.

Ветуваа дебати, а носат законски решенија без ниту една дебата а во поретки случаи се прават фингирани дебати.

Донесоа некаков план 3 6 9 само за пред камерите, но без суштина. Ете ги, поминаа 6 месеци, нема ниту НАТО ниту ЕУ.

Неправда е пред изборите да ветуваат брзо членство во НАТО и почеток на преговорите, а сега да ни говорат дека ќе ја симнат условеноста на препорака, која настана заради политичката хајка и политичката криза создадена токму од нив.

Кога сме кај неправдите СДСМ доживеа кадровски дебакл со постапување на неспособни решенија на клучни места. Неправда е што на местото Веле Самак кој дипломираше на Јел и кој дојде од Мајкрософт од Сиетел се постави Рамиз Мерко од Струга, на местото на Бил Павлески кој дојде од Хјулид Пакард од Бостон се постави Самка Ибраимовски. На местото на Горан Мицковски кој дојде од Лондон како соработник на Кредит Свис се назначи Зорица Апостолоска, впрочем сте го виделе ли до сега некогаш од овој кадар на Заев во јавноста и дали некој од нив ќе го препознаете ако го сретните на улица. . Неправда е што на местото на Виктор Мизо од Харвард кој дојде од генрал електрик и мекензи дојде човек кој го шараше градов и е дел од платеничката револуција, а пак кадар како Обрадовиќ мешетар од Србија го стави Заев за свој советник.

Неправда е и редењето на десетици учесници на шарената платеничка револуција на клучи места во администрацијата со што се докажа дека главниот клуч за вработување не е тоа кој колку се школувал или кој колку е способен или искусен, туку кој колку шарал и го нагрдил градов. Неправда е и партискиот реваншизам и партиската чистка која се прави по администрацијата.

Неправда се на улица избрканите вработени од општина Карпош, од Општина Делчево, од Македонски Брод, од министерствата и од владата. Неправда е и мобингот кој се врши врз многу вработени во јавниот сектор само затоа што политички се подржувачи или се блиски до ВМРО.

Неправда е што има кривични пријави за вработените од помалите етнички заедници, ама од оној непрокопсан Рашковски нема ништо за 1600-те вработени од Рамковен кои самите признаа дека им седат дома, а земаат плата.

Неправда и непотизмот кој силно се развива. Па така Рашковски побрза да си се стави во собранието на акционери во Телеком, а има и за фамилијата на неговиот шеф. Според пишувањата и на самите медиуми текстилниот гигант „Герас Цунев“ беше купен за само 20.000 евра од прв братучед на Заев, и со тоа кланот се стекнаа со сопственост од 22% од фирма која има над 7.000 м2 атрактивен индустриски и деловен простор над 7.000 м2. За тие пари сите останати граѓани на Република Македонија можат да си купат само гарсоњера од 25м2 и ништо повеќе. Тоа е таа шема.

Покус не остана и тендерашот мултимилионер Кочо Анѓушев користејќи ја позицијата на вицепремиер во владата на СДС за својата фирма обезбеди работа за увоз на електрична енергија во вредност од 2,6 милиони евра, која под притисок на јавноста мораше да биде поништена. Покрај тоа што владата за да му удоволи мораше во изборен период да носи одлука само за да може непречено и побрзо да ја изгради неговата хидроелектрана.

Неправда е и филмската измама во фабриката Санос, каде со двајца вработени се сакаше да се прикаже дека ете владата помогнала да се произведуваат нови автобуси кои во реалноста ги нема.

Неправда е што не се пушта во употреба готовиот автопат кој е завршен Демир Капија- Смоквица, само затоа што го изгради ВМРО-ДПМНЕ и само затоа што сакаат со одолговлекување да прикажат дека го изградил СДСМ. Неправда е што се закочи и се стопираше градбата на автопатот Кичево Охрид, на експресниот пат Прилеп-Градско, и на автопатот Скопје-Штип.

Неправда е стопирањето на обновата на Универзалната сала, на стариот отворен театар Скупи, на обновата на Драмскиот театар во Скопје односно градбата на нов објек, на покриенот базен, нова катна гаража и конгресниот центар во Охрид, неправда е стопирањето на градба на новиот Клинички центар во Скопјеза кои што се беше подготвено и требаше да почне градба, беше склучен доворот и беа обезбедени средства,. Неправди на секој чекор. Неправда е и запирањето на реконструкцијата на болницата СВ Еразмо во Охрид и многу други проекти. Неправда е молкот, молкот за спомениците дивоградби во одредени местака како Чаир или Речица, но споменикот на Ќосето и наМајка Тереза и другите херои им сметаат. Галиите биле проблем, но поскапениот паркинг ни го продаваат како реформа.

Неправда е одземеното достоинство на земјоделците. Пченичарите извисија, производителите на зелка и оние на пиперки и праски го фрлија својот род, го фрлаа по улиците. Неправда е тоа што наместо 10 осто зголемување, субвенции ќе имало само за оние кои имаат поголем принос, а воедно и ги намалија за 26 милиони евра субвенциите во буџетот на Македонија. На пензионерите им го укинаа зголемувањето на пензиите на кое се надеваа.

Во делот на политиката, неправдата водеше кон друга неправда. Насилниот избор на претседателот на Собранието со кршење на Уставот, со кршење на законите за собрание, со кршење на Деловникот за работа, доведе и до обид за носење на неуставен закон за двојазичност на целата држава со кој се предвидуваат сите оние работи за кои што претходно Заев кажуваше дека ќе ги нема. А и казни за тие кои нема да се придржуваат. Ние ваков закон никогаш не прифативме и немаме намера да се согласиме. Со овој закон се нанесува неправда кон сите други припадници на етничките заедници. Ние немаме ништо против Албанците, ги почитуваме, им сакаме добро, заедно живеевме и ќе живееме. Но неуставни закони се неправда за сите.

Неправда е и украдената волја на граѓаните, и криминалните локални избори. Тие што со криминал се избрани со криминал и владеат. Неправда е убиениот носител на листа, значи физички се елиминираше човек, се одзема живот. Тука е пукнатиот череп и претепувањето на градоначалникот на Шуто Оризари, како и нападнатиот полицаец од Свети Николе од активисти на СДСМ кои му ја каменуваа куќата, го тепаа и му ја демолираа колата додека неговите мали деца гледале и плачеле. Дел од полицијата беше активен учесник во тој криминал. Додека патриотите ги затвораат, не беше проблем на пример Бајруш Сејдиу, или оној Красниќи да ги ослободат во очи изборите, бидејќи им требаат за изборите да им завршат работа. Но тие мораа да испорачаат за изборите. Не им беше проблем ниту единствениот градоначалник Македонец надвор од Република Македонија Едмонд Темелко да го затворат иако човекот е во тешка здравствена ситуација и со животно загрозено здравје, а човекот нема ништо згрешено и со ништо не се огрешил пред законот. Но, сакаат да го скршат духот на слободноумните граѓани на Македонија. Затоа што тој е еден од ретките борци за човекови права надвор од границите на Македонија.

Како може да се фер и праведни изборите кога најголемиот дел од градоначалниците беа товарени со измислени кривични пријави како директна уцена од власта до нив. Да не зборам за полнењето кутии, следењето кандидати за градоначалници, заканите за бркања од работа, директниот поткуп, бугарските возови, фактот што едни мирни гратчиња како Каменица, Берово, Виница, Велес, Штип беа преплавени од партиска полиција и личеа на Бејрут.

Тоа остана неказнето, и сега ќе го плаќаме цехот. Имаме убиства, разбојништва на секој чекор. Младиот Мартин Јанушев тоа го плати со својот живот, а по убиецот се уште се трага, и не се знае дали воопшто ќе се стигне до вистинскиот нарачател, затоа што тој се говори дека е близок до власта.

Нема викенд да нема пукања, а последниот случај заврши со двојно убиство. Рекетот стапува на сцена, се вратија времињата на 9-тите, затоа што полицијата и власта се партнер во криминалот, а ќарот оди во џебовите на оние од хунтата на власт.

Медиуми кои се прогонуваат по судови и финасиски се исцрпуваат и уништуваат, со цел да се затворат, стануваат се повеќе занемени.. Медиуми кои се исплашни за себе. Погледнете нема медиум да е критички настроен кон власта, а над глава да не му стои СЈО или ОЈО а сите други кои прават хвалоспеви кон делото на Заев и СДС се добри и демократски.

Судството е уценето. Живееме во време на притиснато, уценето и контролирано судство.. Поднесоа 15 кривични пријави за судии кои треба да судат и кои секако сега ги тераат судењата на начин со кој сакаат да им се допаднат на власта за да не им се случи да ги разрешат. Судството им требаше за да го имаат пиштолот во рака свртен кон сите кој нема да се согласат со ова зло што и се случува на Македонија. Заев стана недостапен за правдата иако на видео снимка се гледа како бара поткуп од 200 илјади евра. Се загуби во судските лавиринти случајот на поткуп за разлика од оние фабрикувани случаи за опозицијата кои мора да одат експресно брзо, еднаш, двапати, a некои и трипати неделно. Па така незаконски стекнати снимани материјали надвор од законот, под притисок врз судиитеги направија законски. Видоа дека немаат докази за сите па почнаа да ги фабрикуваат, да ги измислуваат доказите. Доволно е да го прочитате членот 12 став 2 од законот за кривична постапка, каде јасно и недвосмислено пишува дека нелегално стекнати аудио и видео матерјали не можат да бидат доказ во судска постапка ниту пак од нив да се изведуваат докази. Но ова, овој дел од законот веќе не важи.

Неправда е тоа што судиите молчат. Најавија генерален реизбор на судии. Но како тргнале тоа не им треба. Стравот кај судиите да не бидат сменети, да не бидат разместени, да не бидат медиумски линчувани и обвинети ако не одлучат онака како што некој бара од нив е поголем од гласот на аргументите и вистината. Тоа се случува денес во Македонија. Збореа од СДСМ дека ќе ја врателе вистината, но тие секој ден ја убиваат на рати. Неправда е и тоа што секогаш досега судскиот совет кога унапредува судии или назначува претседатели на судови, ги поставуваше оние кои во минатите години освоиле најмногу бодови и кои се први на ранг листата, а сега отпаѓаат таквите и се бира наместо првиот, шестиот или седмиот ако претходните се политичко партиски неподобни. Со тоа се и руши моралот на судиите да работат силно, да работат чесно, да работат правилно, да работат напорно и да бидат најдобри.

Неправда е и што склучија договор со Бугарија со кој се откажуваат од историјата, од јазикот, што менуваат историски факти, без да го прашаат народот. Неправда и е тоа што договораат ново име без да го прашаат народот.

Тоа што сакаат да го решат преку ноќ, за неколку месеци, тоа што сакаа да го сменат преку ноќ, јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ 14 и пол години се борев. Се борев да се задржи донстоинството на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија и ако се решава да се реши на достоинствен начин. Мојата вина е што бев многу претпазлив околу национацлните прашања, околу државните прашања, околу прашањата кои што го интересираат народот и кои што се значајни за овој народ.

Драги пријатели,

Слобода за убиците на децата од Смилковско езеро, но затвор за патриотите. Амнестија на над 1000 затвореници, но затвор за оперскиот пеач, режисер, актер, архитект, лица кои покажаа патриотизам и никого не повредија, поранешен министер за внатрешни работи кој даде се од себе да ја обезбеди безбедноста на државата и на и тоа го правеше граѓаните. Куп негови колеги и соработници се ставени во притвор, затоа што не сакаа да потпишат записник кој што е лажен, кој што е неточен и кој што некој го барал од нив.

Неправда е намерата за притворање на пратениците од ВМРО и од коалицијата затоа што биле на своите работни места во парламентот. Плачот на децата на Жаклина, на Дурловски, на Сашо, на Владо, на Крсто, на многу несреќни мајки на сите неправедно приведени како Богдан и другите останува да се памети со горчина, и тага. Затоа што овие луѓе страдаат поради Македонија.

На 27-ми април незаконски а со тоа и неправедно се назначи претседател на парламентот, се чини свесно темпирано токму во време кога сите знаеја дека се одржува едночасовниот протест на граѓаните пред парламентот кои што претходно 59 дена мирно протестираа. Очигледно со намера да се постави стапица на револтираниот народ. Потоа се случија несакани работи. И денес многу невини луѓе страдаат, а тензиите во општеството растат. Затоа, со сета осуда на насилството од поединци, со целосно сочувство кон оние кои беа физички нападнати и повредени, но земајќи ги во обзир и грешните чекори на власта ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија на учесниците од инцидентот на 27-ми април 2017тата и почеток на период на национално помирување, затоа што овој реваншизам не не води никаде. Доста е!

Владо Јовановски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Митко Чавков, неговите колеги и многу други граѓани не се терористи. Не се терористи тоа е лажно обвинување. Шесте пратеници на ВМРО и коалицијата не се терористи. Тоа е лажно, многу лажно обинување. Тоа е неправда. Тие само беа на своето работно место во парламентот и никого ниту убија ниту повредија.

Бараме слобода за патриотите. Бараме слобода за неправедно притворените. Потребно е национално помирување. Потребно е да се запре со неправдите. Да запрат политичките прогони. Да запрат хајките и местенките, притисоците и заплашувањата. Да запрат неправдите во Македонија.

Македонија мора да оди напред. На Македонија и требаат реформи, влез во НАТО и ЕУ, напредок, инвестиции, нови работни места и пред се правда. А не реваншизам и неправди. Народот бара подобар живот, повисок стандард, повисоки пензии, плати, решавање на проблемите И ПРЕД СЕ ПРАВДА

Денес одовде порачуваме: неправдите се препознаваат секој ден. Но времињата ќе се променат. Народот ќе си ја врати државата и со тоа народот ќе ја врати правдата во Македонија . Правда мора да има. Неправдите на власта мора да запрат и ќе запрат, затоа што овој народ го бара тоа.

Македонија мора да успее. Македонија мора да оди напред. Македонија мора да биде силна, успешна и европска држава.

Да живее Македонија,

Да живее ВМРО-ДПМНЕ,

Да сте живи и здрави.