26/04/2024
Охрид

Интензивни активности за чистење на снегот од јавните површини

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” во текот измината вечер презедоа интензивни активност за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, пешачките патеки, чаршијата и останатите јавни површини во градот.

Со цел да се обезбеди поголема безбедност на пешаците и учесниците во сообраќајот, беше ставена на располагање целокупната механизација, како и моторните чистачи за снег со дувалка, кои Oпштина Охрид ги набави минатата година.

Теренските активности за чистење на снегот продолжија и денеска. Заради поголема ефикасност на механизацијата и посоодветно отстранување на снегот од потесните улички и приоди во градот, се упатува апел до граѓаните да ги отстранат паркираните возила.