30/04/2024
Охрид

Интензивни контроли на СВР Охрид за санкционирање на лица организатори на борби со кучиња

СВР Охрид, презема интензивни контроли на целото подрачје на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, со цел санкционирање на лица организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните.

Според Законот за заштита и благосостојба на животните, забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби со животни, за какви било намени.

Во текот на октомври 2023 година, извршен е разговор со Б.А.(45) од кичевското село Зајас, поради сомнение дека организирал настан со кучиња  во атарот на кичевското село Букојчани.

Известен е надлежен јавен обвинител и  против организаторот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, во СВР Охрид досега нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но апелираме до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.


WebOhrid / 23.11.2023 / СВР Охрид