29/04/2024
Охрид

Инвестициските можности на Охрид дел од „Реал Експо 2023“ во Сараево

Инвестициските можности и бизнис потенцијали на Охрид ќе бидат претставени на Саемот за бизнис инвестиции „Реал Експо 2023“  кој од денеска до 20-ти јули се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. 

Во текот на првиот ден од саемското претставување, штандот на Општина Охрид беше посетен од неколку потенцијални инвеститори помеѓу кои беше и Шеикот Мохамед бин Сакр Ал Касими од Обединетите Арапски Емирати. Со бизнис можностите на Охрид се запозна и премиерот на Кантонот Сараево, Нихад Ук.

Градоначалникот Кирил Пецаков пред заинтересираните посетители изврши презентација на можностите за инвестирање во Охрид и оствари продуктивни бизнис средби, од кои во иднина постои можност да се вродат конкретни инвестиции во Охрид

На Саемот за бизнис инвестиции „Реал Експо 2023“ кој се одржува во изложбениот простор од 3.000 метри квадратни, во хотелот „Хилс“ учествуваат инвеститори, изведувачи, технолошки компании и бизнис експерти од 12 држави.

Saraevo_18072023002Saraevo_18072023007Saraevo_18072023006


WebOhrid / 18.07.2023 / Општина Охрид