Истражување на ФФМ и УЕФА: Фудбалот е спорт број 1 во Македонија, работата на ФФМ оценета како исклучително успешна

Фудбалот е спорт број 1 во Македонија. Угледот и перцепцијата за работата на Фудбалската федерација на Македонија е исклучително позитивен, додека нивото на интерес за натпреварите на Националните тимови постојано бележи раст.

Ова се само дел од резултатите кои произлегуваат од научното истражување за ставовите кон македонскиот фудбал. Истражувањето е направено и спроведено од Kantar Mediaводечка меѓународна компанија специјализирана за истражување, податоци и увиди, во име на Фудбалската федерација на Македонија со поддршка на УЕФА.

Фудбалот е спорт број 1 во Македонија (58%)

–  Најдобрата македонска репрезентација се пласираше на ЕУРО 2020 и еден од најголемите моменти во нашата фудбалска историја дава можност за зголемување на целокупниот интерес.

–  Помладата популација од 18 – 24 години има најголем интерес за фудбал и веројатно е клучна во одржувањето и зголемувањето на интересот за фудбалот во Македонија преку развој на стратегии фокусирани на младите.

ФФМ углед и комуникација (71% сметаат дека ФФМ има позитивна целокупна слика – зголемување од 50% во однос на 2016)

–  Улогата на Фудбалската федерација на Македонија во подобрувањето на целокупната слика за македонскиот фудбал (од инфраструктура до резултатите на Националните тимови) доведе до значително подобрена перцепција за ФФМ.

–  Во следниот период ФФМ треба да се насочи кон кампањи кои прикажуваат вистински иницијативи за постигнување на претходно дефинирани и мерливи цели поврзани со обука на висококвалитетни тренери и судии и развој на младински програми.

–  ФФМ треба да развие стратегија за комуникација за да ја зголеми свеста за организациската активност

Учество во фудбалот

–  Учеството во фудбалот бележи значителен раст. Фудбалот во Македонија е најпопуларен спорт и поради бројот на деца кои започнуваат да тренираат и играат фудбал (27%).

–  Учеството на момчињата кои почнуваат да играат фудбал е силно. ФФМ треба да продолжи да инвестира во „Детска лига“ и во проектите за развој на „Училишен фудбал“. На тој начин, се зголемува бројот на учесници во фудбалот и се поттикнува бројот на регистрирани фудбалери во клубовите.

Домашен фудбал

–  Прва македонска лига: Интересот за Националното првенство е зголемен за 6%. Возрасните групи 18-24 и 25-34 години имаат најголем интерес.

–  Високиот интерес на популацијата од 18-24 години за најдобрата македонска репрезентација треба да биде дополнителен импулс за зголемување на интересот за македонската лига која треба да биде место каде што следната генерација на македонски репрезентативци ја започнуваат својата кариера.

Меѓународен фудбал (од 2016 интересот е значително зголемен од 43 на 50%)

–  Интересот за македонските национални тимови дополнително е зголемен со кампањата за ЕУРО 2020. Промотивната кампања треба да биде фокусирана на успехот, возбудата и гордоста.

–  По завршувањето на Европското првенство, ФФМ треба да стави акцент на иницијативи и поддршка на другите национални репрезентации со шанса за пласман на големи турнири во иднина.

–  Специфични области на фокус треба да бидат обука на висококвалитетни тренери и судии, подобрување на фудбалската инфраструктура и развој на младинските категории.

–  Многу значајно е да се зголемува интересот за младинските репрезентации покажувајќи им го патот на играчите од македонските репрезентации кои беа дел од младинските национални тимови и стигнаа до учество на УЕФА ЕУРО 2020.

Фудбалската Федерација на Македонија како лидер помеѓу спортските организации во Македононија редовно врши истражувања на јавното мислење за фудбалот и спортот воопшто. За потребите на последното истражување направено во 2020 година земени се податоците од истражувањето извршено во 2016 година со цел да се направи споредба со промените во перцепцијата и достигнувањата на федерацијата.

Истражувањата во целост може да се погледнат на линковите во продолжение:

FFM_Image_Research_Presentation_28.01.21_MK.pdf 

FFM_Image_Research_Presentation_FINAL.pdf