29/04/2024
Охрид

Избрани најдобрите литературни и ликовни творби на објавениот конкурс на тема: „Со плодови во топли есенски бои исполни ги дланките свои“

Во соработка со охридските основни училишта Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови.

Од пристигнатите литературни творби награди освоија:

  • Прва награда во висина од 7.000,00 денари Кристијан Димитриески, VI одделение од ОУ„ Кочо Рацин“ Охрид
  • Втора награда во висина од 5.000,00 денари, Миа Илоска, III одделение, од ОУ„ Кочо Рацин “ , Охрид
  • Трета награда во висина од 3.000,00 денари, Софија Каралиевска, I  одделение, од ОУ„ Григор Прличев“,  Охрид

Од пристигнатите ликовни творби награди освоија:

  • Прва награда во висина од 7.000,00 денари Јана Билбилоска, 12 години, од ОУ „Живко Чинго“, с. Велгошти, Охрид
  • Втора награда во висина од 5.000,00 денари Лена Китаноска II одделение, од ОУ„ Григор Прличев “ , Охрид  
  • Трета награда во висина од 3.000,00 денари Јана Ристеска, IVодделение, од ОУ „Св. Наум Охридски“, с. Пештани, Охрид  

Се молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид , на ул. Димитар Влахов  бр.57, Охрид, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.


WebOhrid / 27.09.2023 / Општина Охрид