26/04/2024
Македонија

Изложба: „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“

Во објектот Чифте амам утре (7 март) во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“..

Изложбата, која се реализира во рамките на 70-годишниот јубилеј од создавањето на Националната галерија на Македонија, е поставена во чест на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

На изложбата ќе биде претставен избор од шеесетина дела од жени авторки застапени во колекцијата на Националната галерија на Македонија.

Ќе бидат изложени дела од првите авторки од колекцијата на НГМ до денес, како и дела од жени уметници од југословенската колекција. Меѓу делата кои ќе бидат изложени се и делата од: Борка Аврамова, Катја Ефтимова, Лена Стефанова, Анета Светиева, Вана Урошевиќ, Жанета Вангели, Дијана Томиќ-Радевска, Нина Гештаковска-Цветановска, Марија Светиева, Вера Муртиќ, Љубица Сокиќ, Оливера Кангрга, Дана Докиќ, Олга Јевриќ и други.

Изложбата „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“ за посетителите ќе биде отворена до крајот на март.