26/04/2024
Охрид

Изложба на дела од Живко Чинго

Во рамките на своите програмски активности НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со Изложба на дела од писателот и раскажувач Живко Чинго ќе ги одбележи годишнините од неговото раѓање и смрт.

По повод 83 години од раѓањето и 31 година од смртта на големиот охридски и македонски писател и раскажувач Живко Чинго ќе биде отворена изложба на книги „Поглед кон творештвото на Живко Чинго“.

Изложбата ќе биде отворена од 13.08 до 20.08.2018 години во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.