18/05/2024
Охрид

Изложба на книги од роднокрајни автори родени во јануари

Со изложба на книги се одбележуваат родендените на неколку роднокрајни автори.

НУ Библиотека „Григор Прличев“и во оваа 2019 година продолжува со лани воспоставената практика со изложба на нивни дела да бидат одбележани родендените на роднокрајните автори.

Овој јануари се одбележуваат родендените на следните автори: Видое Видически, Иван Точко, Јован Котевски и Трајан Петровски.

Во читалната на библиотеката од денеска до 29 јануари ќе бидат изложени примероци од целокупното творештво од посочените автори.

Во јануари е роден и патронот на библиотеката поетот и преродбеник Григор Прличев, но чествувањето во негова спомен и слава традиционално се на 5 и 6 февруари со „Прличевите беседи“ и „Прличевата визита“.