28/04/2024
Охрид

Притворен охриѓанец кој дома чувал дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Н.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

На 18.01.2019 година во периодот од 16.45 до 17.35 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на лицето и била пронајдена и одземена марихуана. Г.Н. бил лишен од слобода.