29/04/2024
Охрид

Изработени промотивни видеа во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“

Во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален Зелен Центар“ Охрид, изработи шест промотивно-едукативни видеа.

Во секое видео е претставено културно наследство од соодветен период почнувајќи од праисторија, антика, ран среден век, византиски период, отомански период и нов век.

Видеата може да се погледнат на следните линкови:

Оваа активност имаше за цел запознавање на јавноста за значењето на културното наследство во Охридскиот регион и зголемување на степенот на промоција на истото. По завршување на проектот, видеата е предвидено да се користат за презентација во сите основни училишта во Општина Охрид според договорена агенда, со што за основите, значењето и потребата од заштита на културното наследство од Охридскиот регион би биле запознаени околу 4500 ученици од општинските основни училишта.

Во текот на следните месеци, предвидено е одржување на изложба, изработка на дигитална брошура за локалитетот Самоилова Тврдина и изработка на QR кој ќе се постави на информативната табла пред самиот локалитет.

Проектот “Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид” се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот “Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид” е кофинансиран од Општина Охрид.


WebOhrid / 27.11.2023 / Општина Охрид