27/04/2024
Македонија

Известување за потрошувачите за небезбеден производ „Златни пластични вилушки“

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за отповикување на небезбеден производ „златни пластични вилушки“ произведени во Кина, со лот бр. AZ-161224.

Информацијата за небезнедниот производ е добиена преку системот РАСФФ на ЕУ. Производот е ставен во промет во сите маркети од страна на Верополус ДООЕЛ од Скопје со седиште на ул. Кочо Рацин бб.

Производот е небезбеден заради наод на високо ниво на вкупна миграција.

Веднаш по добиеното известување, надлежен Државен инспектор за храна изврши вонредна инспекциска контрола кај увозникот и согласно презентираната документација за следливост констатирано е дека производот не е најден во промет.

Сите потрошувачи кои што го купиле небезбедниот производ може да го вратат на местото каде што го купиле.