06/10/2024
ДебрцаОхридСтруга

Извршени претреси кај осум лица, пронајдена импровизирана лабораторија за производство на марихуана во Белчишта

На 10.02.2023 година, на подрачјето на СВР Охрид, по претходна судска наредба извршени се претреси кај осум лица (по два во Охрид, Струга, Кичево и Дебар), во кои се опфатени 10 куќи и помошни простории и две патнички возила.

Притоа, во селото Белчишта, општина Дебрца, пронајдена е импровизирана мала лабораторија за производство на марихуана, сопственост на Љ.О.(50) од истото село, во која се пронајдени четири растенија канабис, кеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Лицето е лишено од слобода.

При претрес во домот на А.Т.(33) од струшкото село Октиси пронајдена и одземена е марихуана. Тој е приведен и лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од полициски службеници на ОВР Струга, лишен од слобода е Г.А.(35) од Охрид. При претрес извршен со судска наредба, во неговата викенд куќа во струшкото село Лабуништа, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ловна пушка марка „Црвена застава“, што нелегално ја поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 11.02.2023 / СВР Охрид