21/06/2024
Охрид

Јавен повик за користење средства од буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини Извори“ за 2023

Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП „Билјанини извори” – Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за дополнување на Oдлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти бр.07-4189/41 од 30.12.2014 година,  објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП „Билјанини извори” – Охрид.

Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2023 заклучно со 31.12.2023 година.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ НА ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ – ОХРИД ЗА 2023 ГОДИНА

ПРИМЕР ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ


WebOhrid / 28.12.2022 / Општина Охрид