ЈП „Охридски Комуналец“ со отчет за сработеното

Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид, Лупчо Грданоски денеска даде отчет за сработеното во првата година од својот мандат.

Во своето излагање Директорот изрази задоволство од реализираните проекти во изминатава година, од вложените инвестиции, позитивните финансиски резултати и подобрување на услугите насочени кон крајните корисници – граѓаните на Охрид и многубројните туристи.

„Преземајќи конкретни чекори и мерки, континуираната работа за подобрување на ефикасноста во работењето, поставувањето приоритети во дејноста, акумулирањето огромна креативна енергија, активната вклученост и постојаната посветеност на сите чинители во работењето, обезбедувањето висок квалитет на јавните услуги, почитувањето на правата и законите во процесот на креирање политики и донесувањето одлуки, во оваа измината година, донесе позитивни резултати за јавното претпријатие „Охридски Комуналец“. – истакна Грданоски.