08/10/2024
Спорт

Јуре и Јања Облак се победници на првото издание на Охрид треил

Словенските натпреварувачи Јуре и Јања Облак кои се татко и ќерка се победници на првото издание на Планинарска трка Охрид треил која вчера се одржа низ падините на планината Галичица и градот Охрид.

Делницата од 60 километри Јуре Облак ја помина за 7 часа, 38 минути и 22 секунди, додека Јања финишираше за 9 часа, 55 минути и 21 секунда. Второпласиран во машка конкуренција заврши Дарин Марквард со време (7.39.52), а трет низ целта помина македонскиот учесник Никола Илиевски со време (8.26.49). Второто место во женска конкуренција и припадна на Сања Најдовски од Македонија со време (9.59.14), а на третото место од пиедесталот се искачи Десислава Цветанова од Бугарија која патеката од 60 километри ја помина за 10.06.45. Трката на 60 километри ја започнаа 49 натпреварувачи, а завршија 41.

Во склоп на Охрид треил се одржа и мала трка на 35 километри. Во машките најдобар беше Марјан Бонев од Македонија кој патеката ја помина за 3 часа, 59 минути и 42 секунди, а помеѓу женските најдобра беше Антонија Бежовска од Македонија со време (5.21.19). На 35 километарската трка на стартот се појавија 81 натпреварувач, а завршија 77.

Пласман:

Машки 60км

1.Јуре Облак (Словенија) – 7 часа, 38 минути и 22 секунди

2.Дарин Марквард (САД) – 7.39.52

3.Никола Илиевски (Македонија) – 8.26.49

Женски 60км

1.Јања Облак (Словенија) – 9.55.21

2.Сања Најдовски (Македонија) – 9.59.14

3.Десислава Цветанова (Бугарија) – 10.06.45

Машки 35км

1.Марјан Бонев (Македонија) 3.59.42

2.Димитар Михаилов Миовски (Македонија) 4.06.28

3.Иван Пешовски (Македонија) 4.13.45

Женски 35км

1.Антонија Брежовска (Македонија) 5.21.19

2.Ана Милосављевиќ (Србија) 6.01.20

3.Катерина Николовска (Македонија) 6.02.12