29/04/2024
Македонија

Кампања: „Лето без пожари“

На 07.07.2018г. (недела) со почеток во 11.00 часот со активности на паркингот на Средно Водно, Одделението за превенција при СВР Скопје ќе започне со кампања и превентивни активности за реализација на кампањата „Лето без пожари“.

Кампањата ќе се одвива во соработка помеѓу Град Скопје, Против пожарната бригада на Град Скопје и Црвениот крст на Град Скопје со цел превенција од пожари на отворено во летниот период, активностите ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници ќе остварат средби со рекреативците посетители на ,,Парк шумата Водно”. По случаен избор ќе запираат патнички моторни возила и на возачите ќе им се укажува за можните ризици од појавата на пожар, штетите од евентуалната појава на пожари на отворено и укажување од можните последици од палењето на оган на отворено.

Од страна на Против пожарната бригада на Град Скопје ќе се направи обука и симулација на гасење на шумски пожар на вработените од Паркови и зеленило на Град Скопје и заинтересираните граѓани посетители рекреативци.

Активностите ќе продолжат и понатаму летниот период во соработка со општините на Град Скопје на други девет точки. Преку остварување средби со граѓани и следење на состојбата на терен, превентивно делување со цел намалување на предизвикани пожари од невнимание, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните се има за цел да се обезбеди рано и брзо делување на надлежните институции и спречување на појава на пожари.