26/04/2024
Охрид

Капачите го исполнија кејот и старото пристаниште во Охрид

Убавото време го исполни Охрид со туристи од земјава и од странство. Плажите се преполни, а атрактивна локација за капење и сончање е градскиот кеј и старото пристаниште, додека пак оние кои сакаат сенка ги „узурпираа“ парковите покрај кејот.

Покрај освежувањето во водите на Охридското Езеро, капачите и останатите посетители покрај кејот Македонија, можеа да го проследат денешниот Интернационален Олимписки пливачки маратон.

WebOhrid