Ќе се изработува Проект за доизградба на фекалната канализација за Мешеишта

Со средства добиени од Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се изработува Проект за доизградба на фекалната канализација за село Мешеишта.

Со Проектот имплементиран предходно повеќе улици и домаќинства не се опфатени со канализациона мрежа.

За таа цел, синоќа во општинската зграда во Мешеишта се одржа консултативен состанок со заинтересирани жители, кои ги изнесоа своите предлози во врска со овој проблем.

„Нашата заложба е со Проектот за доизградба да се опфатат сите улици и домаќинства и технички да можат да се приклучат на канализационата мрежа, која ќе се догради.“- вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.