Ќе се служи света литургија за празникот Собор на Св.Архангел Михаил

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. Ноември (среда) 2018 година во манастирот „Св.Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св. Архангел Михаил“. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.