Кичевчанец загина во сообраќајна несреќа помеѓу селата Песочан и Арбиново
На 22.03.2021 година во 18.05 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај клучката за влез кон Славеј Планина, на потегот помеѓу селата Песочан и Арбиново, општина Дебрца, се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген бора“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.И.(52) од Кичево и товарно возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(29) од с.Долни Сарај, скопско.
На местото на незгодата починал возачот С.И., додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „фолксваген бора“, Д.К.(40) од Кичево и возачот Б.М., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
На местото на незгодата увид извршија полициски екипи, судски вештак и Јавен обвинител, по чија наредба ќе биде извршена обдукција врз починатиот.