27/04/2024
Дебрца

Ученици од ОУ „Дебрца“ во посета на Општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески денес ги прими учениците од основно училиште „Дебрца“, кои ја посетија општината во рамките на нивната настава по предметот Општество, каде се изучува и методската единица „Поставеност и работа на Општината“.

Средбата се одржа во кабинетот на градоначалникот, каде учениците со серија прашања поврзани за лекцијата која ја обработуваа како дел од нивната теренска настава се интересираа за поставеноста, начинот на функционирањето и работењето на Советот, Градоначалникот и службите во општината.

„Им одговорив на сите нивни прашања, притоа помагајќи им на децата преку јасни и за нивна возраст разбирливи одговори да им ја приближам проблематиката на моето ангажирање, како и за функционирањето на телата, органите и службите во општината. Им ветив дека и во понатамошниот период ќе се залагаме за подобрување на условите за за одвивање на наставно-образовниот процес, дека ќе обезбедиме повеќе надгледни средства, бесплатна екскурзија за посета на годинешниот Саем на книгата, награди за најдобрите ученици, а од новата учебна година и бесплатна ужинка за секој ученик.“- вели градоначалникот Ногачески.