Класен раководител не почитувал самоизолација и доделил свидетелства

ОВР Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.П.(46) од кичевското село Осој, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Тој, во својство на професор и класен раководител во основно училиште во Кичево, на учениците од класот, им доделил свидетелства иако знаел дека потпишал изјава за задолжителна самоизолација.