26/04/2024
Спорт

Комплетирано првото коло од групата Б во Бизнис лигата во мал фудбал

Првата рунда од Бизнис лигата во мал фудбал организирана од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ понуди возбудлив фудбал и динамични мечеви неизвесни до самиот крај. Постигнати беа следните резултати:

ЈП Проаква 4:8 АСП Пак

Жито Леб 3:2 Градски Пазар

Хотел Инекс 0:3 службено Хотел Метропол

Група А: АСП Пак 3; Жито Леб 3; Хотел Метропол 3; Градски Пазар 0; ЈП Проаква 0; Хотел Инекс 0.

Костал 1:1 ЛТХ Леарница

ЈП Комуналец 5:4 Општина Охрид

Еко Шпар 3:2 ЈП Нискоградба

Група Б: ЈП Комуналец 3; Еко Шпар 3; Костал 1; ЛТХ Леарница 1; Општина Охрид 0; ЈП Нискоградба 0.

Заостанатиот натпревар од првото коло помеѓу тимовите на Инекс и Метропол заврши со службен резултат од 3:0 за екипата на Метропол. Тимот на Инекс не се појави на закажаниот термин за одигрување на заостанатиот натпревар.

WebOhrid