28/03/2024
Македонија

Концерт за затворање на манифестацијата „Есенски музички свечености“

Во Музејот на град Скопје вечерва (27 ноември) со почеток во 20:00 часот ќе се одржи концерт на:  Горан Начевски – баритон, Страшо Темков – флејта и Елена Атанасовска Ивановска – пијано. На програмата се дела од Хендел, Верди, Чајковски, Росини, Попп …

Со овој концерт, за кој влезот е слободен, и официјално завршува годинашното издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“. Организатор на манифестацијата е Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.