20/04/2024
Охрид

Конкурс за нови детски песни за „Распеано рибарче 2019“

Организаторот на традиционалниот фестивал на детска песна „Распеано рибарче“ Здружението на музичари и изведувачи од Охрид започна со подготовките на новото издание што ќе се одржи идната пролет.

Фестивалскиот совет распишува конкурс за нови детски песни кои ќе бидат изведени на „Распеано рибарче 2019“.

Се повикуваат авторите на музика, текст и аранжман да достават оригинални детски песни кои досега не се изведувани.

Прифатените композиции ќе бидат симболично хонорирани.

Со децата изведувачи кои пожелно е да се на возраст од 6 години нагоре дополнително ќе биде одржана аудиција. а посебен избор ќе има и за членови на хорот и балетските групи.

Информации на телефон: 070 304 026

„Распеано рибарче 2019“ – Ве очекува!